нова искра*

Заборавената порака на Гоце Делчев
Тој го разбираше светот како „поле за културен натпревар меѓу народите“. Денешната владејачка елита ги разбира нашите соседи како агресори и непријатели. Кој Гоце ни го претставуваат на коњ, нашиот или нивниот?

од Зоран Василески

среда, 5 мај 2010

4 Мај 2010. Одбележување на денот на смртта на македонскиот револуционер и социјалист, борец за човечки правдини и слобода, Гоце Делчев. На плоштадот никнаа два споменика. Свечени делегации насекаде…

Марксизмот цврсто стои зад правото на самоопределување на народите. Народите од „третиот свет“ добија поддршка и сила во ваквиот поглед, па во почетокот на 60-тите се кренаа против окупаторот и експлоататорот со цел да се изборат за независност и да излезат од тешкото колонијално ропство. Претходно, еден народ на Балканот, непризнаен и погазен од секој што поминал и со децении и векови останувал на овие простори, доби единствен сојузник во Коминтерната. На 24 Мај 1934 година со своја резолуција Коминтерната беше дотогаш прва и единствена меѓународна организација што го призна македонскиот национален идентитет и правото да основа своја држава. Овој факт очигледно излегол, го тргнале, не постои во учебниците во училиштата. Исто како што излезе т.е. го трнаа фактот дека Гоце Делчев покрај револуционер, бил и социјалист. Покрај борец за национална слобода, бил и борец за социјална правда. Како што фактите излегуваат од нашата историја, така на нивно место доаѓа некое ново оживување на романтизмот во нашата историја. Така на децата и младите им се всадува нејаснотија во нивниот несомнен идентитет, им се пренесуваат чувства наместо факти. И тој идентитет така пренесен од нациналистичко-романтичарската историја подоцна преминува во насилен, офанзивен облик на однесување насочено кон зачувување и запазување на својот идентитет изграден на кула од песок. Тој идентитет преминува во национализам кој мора да се храни постојано со нови содржини, споменици и постојани надворешни и внатрешни непријатели. Едни од тие споменици на кои се претставени Гоце Делчев и Даме Груев веќе се поставени.

Национализам и патриотизам

Гоце Делчев го разбираше светот како „поле за културен натпревар меѓу народите“. Денешната владејачка елита ги разбира (или поточно сака да ни ги претстави) нашите соседи како агресори и непријатели, дека не мразат и се постојано против нас (Србија за Црквата, Бугарија за народот, Албанија за делот од националностите, Грција за се). Па прашуваме кој Гоце ни го претставуваат на коњ? Нашиот или нивниот?

Даме Груев се залагаше за ослободување и добивање независност исклучиво преку самостојни сили и средства. Денешната владејачка елита не убедува дека без НАТО и ЕУ сме ништо, дека немаме друг избор за нашата несомнено (водена од нив) „светла“ иднина. И тука се поставува истото прашање.

Национализмот е успешна и најкористена алатка (особено изминативе две децении на Балканот) за завладување и целосно покорување на народот, и особено за одвелкување на вниманието од трагичната состојба во која западна работничката класа. Затоа владејачките елити успешно ги мешаат двата различни термини „национализам“ и  „патриотизам“ притоа тенденциозно изендачувајќи ги. Според нив за да си патриот и да ја сакаш својата земја треба истовремено да мразиш други. Според нас, патриотизам е нешто сосема друго. Тоа е да се бориш за правата, напредокот и благосостојбата на сите работници, жени, студенти, пензинери во Македонија. Зошто Македонија е луѓето кои живеат, работат и делат иста судбина во неа, а не некоја мисловна именка романтичарски конструирана во 19 век, а искористена и злоупотребена во сегашноста од нашите влади.

Оние со спуштена глава

Ако веруваме во моралниот интегритет и високите човечки вредности на Гоце Делчев, тогаш тој беше револуционер и патриот според нашето сфаќање на патритизмот и тоа како се сака сопствената држава и народ. Тој за разлика од нашите водачи кои се удобно сместени во своите фотелји, беше постојано меѓу народот, ги слушаше и на своја кожа ги чувствуваше нивните проблеми и маки, сочуствуваше со нив, се бореше за нив и го положи својот живот. Додека се криеше беше пекар. За разлика од нашите влади кои им го земаат лебот од уста на луѓето, тој ако не со леб, со својата посветеност во борбата ги хранеше. На 4 Мај свечена владина делегација положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во истоимениот Студентски Дом. Воопшто не прашаа како им е на студентите во руинираниот дом. Ја одработија обврската и заминаа. За разлика од лажните патриоти, Гоце Делчев би постапил поинаку. Тој беше учител и го образуваше народот. За разлика од владите кои се борат само за власт, а иднината на повидок е всушност сегашноста или полошо, Гоце се бореше и загина за слобода и подобра иднина на наредните поколенија.

Двата споменика на револуцинерите на коњ високи 5 метри се поставени. Гордо, со кренати глави владините функционери ликуваат. А животот продолжува. Под нив, од Камениот мост кон плоштадот и обратно врват реки народ, работници со наведнати глави, изнемоштени, експлоатирани, неплатени, невработени, стечајци. И студенти без перспектива.

Коалиција на прогресивните

Едната владејачка елита вели дека спомениците ќе го обезбеделе националното единство. Очигледно ќе го обезбедат само единството во владината коалицијата со формирањето на триаголникот Скендербег-Делчев-Груев.

Другата критикува за овие споменици, а има амнезија за своите транзициони споменици насекаде низ државата.

И едните и другите се всушност една иста коалиција која наизменично се менува на власт веќе 20 години, со заедничка цел – уште поголемо раслојување на општеството, свое одделување во посебна привилегирана, политички и финансиски моќна класа и подјармување на работничката класа.

На оваа коалиција мора да се спротистави друга нова коалиција – многу поцврста и побројна. Коалиција на работници, студенти, еманципирани жени, етникуми во братство-единство и воопшто – прогресивни луѓе!

Зошто кога веќе е прозрена намерата на владејачките елити, кога е работничата класа свесна, тогаш и не се толкав проблем нивните ефтини (се извинувам-скапи) финти… Тие не се пречка во борбата – може на спомениците да им се даде и подруго значење подоцна кога маглата што ја сеат ќе се крене и новата коалиција профункционира.

Само, борбата мора да започне.

Факелот на борбата се пренесува на Први Мај
од Алек Атевиќ

сабота, 1 мај 2010

Први Мај е наш празник. Денес, факелот на борбата за подобар живот мора да го преземеме и да изградиме армија за победи.

Милиони мажи и жени од Австрија, Јужна Африка, Канада, Јапонија, од сите страни на светот, со протести го одбележуваат денот на солидарноста меѓу работниците, меѓународниот Ден на трудот. На овие маршеви се нагласува барањето за работничките права, за подобрување на општествените услови и, неизбежно, потребата од промени на капитализмот. Веењето на црвените знамиња е резултат на традицијата на борбеност која ја одржуваат локалните, националните, работнички организации (синдикатите, трејд јуниони, и работничките партии), но и стварноста на живеење која не принудува да ја манифестираме нашата болка јавно, пред сите и со другите како нас. Први Мај е празник на работниците затоа што сфатиле дека само во солидарна акција успеале да го подобрат својот живот.

Офанзивна борба

Буржоазијата изјавува дека кризата е помината и дека економијата заздравува. Работниците не мислат така затоа што се сведоци на невработеност која никогаш не ја виделе во својот живот. Сфаќаат дека не можат лесно да обезбедат дом за своето семејство, жените не можат да бидат добри домаќинки, ако не придонесуваат финансиски, и покрај тоа што се уште се робови во кујната и во куќата. Се потешко е да се образува детето. И малите деца знаат дека моќните држави го спасија капитализмот, со пумпање  во банките со астрономски количества пари од заедничката државна каса, и дека тие пари мора да се вратат еден ден. Методите на враќање на парите е познат: намалување на работничките права со цел полесно отпуштање на вработените, кратење на платите и социјалните бенефити, намалување на инвестиции во здравството и образованието, па и мерка како што е зголемување на старосната граница за одењето во пензија. Во тие услови се дочекува овој Први Мај.

Работничкото движење во светот реагира соодветно, некаде побавно, некаде поскриено и поскромно, но сигурно е дека промените се во насока на офанзивна борба. Синдикатите се подготвени за интервенција поради огромниот притисок на своите членови. Политичките партии, чија традиционална база е работничка, а лидерите се предавници на идеите на социјализмот, поделбата на лево и десно крило ја манифестираат пожестоко отколку кога и да е во поновата историја.

Криза на македонскиот синдикализам

Така е во светски рамки, а работничкото движење во Македонија не е исклучок. По падот на тн. социјалистички земји, работниците и во Македонија беа поразени и приморани да се покорат на реставрацијата на капитализмот. При овој процес, јасно насочен против работниците, настрада и целата надструктура градена од работниците: синдикатот, масовната работничка партија и марксизмот, како теориска водилка во практичната борба.

Синдикалната борба е првото орудие на работникот, без кое тој е како студент без тетратка за белешки, како електричар без универзален инструмент, како дом без порта, без брава за заштита од арамии. Мора да бидеме членови на синдикатот во својата организација, а ако немаме синдикат да формираме. Без тоа, празни се обидите за подобрување на состојбата. Индивидуалните договори се најсилна мерка на експлоатација. Ако се надеваме на улижување на газдите и нивна милостиња, ние го добиваме односот газда-татко и работник-непослушно дете кој треба да биде секогаш послушен на својот газда. Барањето за зголемување на платата, подобрување на работните услови и слично, во услови на лични преговори, е практично неостварливо. Колективните договори, издвојувани со синдикални преговори, се голем чекор напред.

Една од причините за намалување на улогата на синдикалното движење во општеството, ако не и најсилна, е партиското односно политичкото влијание. Партиите преку механизми на идеолошко дејство, и во последно време, зачестени директни грубијански упади во синдикалните организации, му ја одземаат силата на синдикатот – синдикатот како предводник на работниците. Зад синдикатот не стои работничка партија, туку отворено анти-работничка политичка платформа во вид на ВМРО-ДМПНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА итн. Непрепознавањето на непријателот скапо ги чинеше сите синдикати. Синдикатите се бедни без своето оружје – членови со работничка политичка свесност. Работничка партија е нужна за успешно организирање и артикулирање на гласот на работниците.

Марксизмот како орудие

Ако синдикатот е првото орудие на работникот за својата слобода, тогаш марксизмот е торбата каде се чуваат сите орудија, подредени и организирани. Многумина мајстори немаат такви торби, затоа што се скапи или затоа што не го совладале добро занаетот. Секој синдикалец знае многу повеќе за работничките штрајкови, за преговарањето и договарањето, за притисоците при тие околности, но нема таков „чист“ синикалец кој знае за Париската комуна и проблемите на работниците при оваа работничка борба, или предносите на советите во Октомвриската револуција во 1917. Без Марксовата критика на капитализмот, работничката партија не може да ги согледа противречностите и да се подготви за успешна револуција.

Македонската стварност налага самата себе да се смени. Двигател на тие промени може да биде само работничката класа како еманципирана класа. Но патот од илјада милји, почнува со еден чекор. Да почнеме од тебе. Факелот на борбата е тука. Со нас.

Од каде доаѓа Први Мај?
од Роза Луксембург

петок, 30 април 2010

Живата идеја за користење пролетерско празнување како средство за постигнување осумчасовен работен ден за првпат е родена во Австралија. Работниците таму во 1856 година одлучија заеднички да организираат потполен прекин на работата со средби и прослава како протест за да добијат осумчасовен работен ден. За ден на оваа прослава беше определен 21 април. Најпрвин австралиските работници имаа намера ова да се случи само во 1856 година, но оваа првична прослава имаше толку силен ефект на пролетерските маси во Австралија, заживувајќи ги и проширувајќи го движењето, што беше одлучено да се повторува секоја година.

Всушност, што би можело да им даде на работниците поголема храброст и верба во нивните сопствени сили отколку масовен прекин на работата за кој одлучиле тие самите? Што може да им даде повеќе храброст на робовите во фабриките и работилниците отколку постројувањето на нивните сопствени трупи? Оттука идејата на пролетерска прослава беше бргу прифатена и, од Австралија, почна да се шири и во другите земји се додека конечно не го освои целиот пролетерски свет.

Први кои го следеа примерот на австралиските работници беа Американците. Во 1886 година тие одлучија 1 Мај да биде ден на универзален прекин на работата. На овој ден 200.000 од нив ги напуштија нивните работни места и бараа одумчасовен работен ден. Подоцна, полицијата и законските малтретирања ги спречиле работниците да организираат демонстрации со толкави размери. И покрај тоа во 1888 година тие ја обновија својата одлука и одлучија следната прослава да биде на 1 Мај 1890 година.

Во меѓувреме работничкото движење во Европа се засили и се анимираше. Ова движење најсилно дојде до израз на Меѓународниот работнички конгрес во 1889 година. На овој конгрес, со присуство на 400 делегати, беше одлучено постигнувањето на осумчасовен работен ден да биде прво барање. Таму делегатот од француските синдикати, работникот Лавињ од Бордо, посочи дека ова барање мора да биде истакнато во сите земји преку општ прекин на работата. Делегатот на американските работници повика да се одлучи за поддршка на штрајкот на 1 Мај 1890 година, и конгресот одлучи овој датум да биде општа пролетерска прослава.

Во овој случај, како и триесет години пред тоа во Австралија, работниците мислеа само на еднократни демонстрации. Конгресот одлучи работниците од сите земји да демонстрираат заедно за осумчасовен работен ден на 1 Мај 1890 година. Никој не зборуваше за повторување на празникот наредните години. Природно, никој не можеше да го предвиди молскавичниот пат по кој оваа идеја успеа и колку брзо беше прифатена од работничката класа. Како и да е, беше доволно да се прослави само еден Први Мај за сите да сфатат и да почувствуваат дека тоа мора да биде постојан обичај секоја година. (…)

Први Мај бараше воведување на осумчасовен работен ден. Но дури и по постигнувањето на оваа цел, не се откажавме од Први Мај. Се додека борбата на работниците против буржоазијата и владејачката класа продолжува, се додека сите барања не бидат остварени, секоја година Први Мај ќе биде израз на овие барања. И, кога ќе осамнат подобри денови, кога работничката класа на светот ќе го избори своето ослободување тогаш и човештвото ќе го прославува Први Мај во чест на горката борба и многуте страдања во минатото.

преведено од: What Are the Origins od May Day?

текстот е првпат објавен на полски јазик во списанието Sprawa Rabotnicza во 1894 година

превод од англиски: Ивица Антески

Критика на идеологијата и на идеолошкото сфаќање на марксизмот
од Љубомир Цуцуловски

петок, 13 ноември 2009

Непосреден повод да се јавам за збор е дел од излагањето на другарот Шарко Меѓедовиќ од Сараево. Наспроти на неговата апологија – или, како што самиот рече, дека на идеологијата на работничката класа мора да ѝ се врати нејзиното достоинство – јас со своите размислувања повеќе ќе одам по линијата на критика на идеологијата и на идеолошкото сфаќање на марксизмот, бидејќи сум длабоко убеден дека основната причина за аверзијата кон марксизмот, како и неуспехот на марксистичкото образование воопшто,  е во нивното преобразување во посебна идеологија, при што сосема сеедно е дали марксизмот ќе го прикажеме како идеологија на работничката класа или не. Во што е, со други зборови, проблемот? Проблемот е, според мене, во следново: може ли марксизмот, марксистички промислуван, себе си да се мисли, што значи самиот себе да се сфати, како идеологија? Тврдам дека не може. Причините за тоа се бројни. Во оваа пригода ќе наведам само две причини.

Првата причина е следнава: Маркс, заедно со Енгелс, напиша поприлично дебела книга, која претставува критика на идеологијата, и тоа не на одредена идеологија, туку критика на идеологијата воопшто. Значи, критика на самата идеологија. Таа книга, настаната во периодот помеѓу 1845 и 1846 година, е книгата Германска идеологија. Се разбира, ние можеме да одиме наспроти на Маркс и наспроти на неговото определување на идеологијата. Меѓутоа, како што веќе реков, проблемот е во тоа дали Маркс може самиот себе да се мисли (сфати) како идеолог. Втората, пак, причина е во следнаво: според Маркс, за нешто да може да биде третирано како идеологија, тоа нешто мора да исполнува барем два услова. Прво, таа свест – мислам на идеолошката – мора да биде парцијална свест. Што значи, таа свест мора да претставува свест на само еден дел, на само еден слој од општеството, а не на општествениот тоталитет, на општествената целина. Затоа, идеологијата никогаш не може да го опфати тоталитетот, целината на општеството, сеедно колку и да стреми кон тоа. Второ, идеологијата секогаш е лажна свест. Нејзината лажност не е на гносеолошки план; или не е, пред сè, на тој план. Нејзината лажност е во немоќта да ја сфати својата општествено-историска втемеленост. Мене ми се чини дека на Маркс му била јасна втемеленоста на неговата мисла. Мислам дека и нам ни е јасна општествената втемеленост на нашата свест, на нашата теорија. Ако е така, тогаш е сосема проблематично марксизмот да се сведе на идеологија, бидејќи и ме може да се сфати како идеологија. Толку во врска со репликата упатена до другарот Меѓедовиќ.

Сега би кажал нешто околу она што другарот Иван Шибер го покрена во својата дискусија. Мислам дека со право го постави прашањето дали сме ние движење за нешто или сме движење против нешто? И, аналогно на тоа, се поставува прашањето дали нашето марксистичко образование треба да ги оспособува луѓето да се борат против нешто или тоа треба да биде борба за остварување на нешто. Ќе направам мала дигресија. Во една пригода Џорџ Орвел го одредил социјализмот како борба на ограбените против ограбувачите. Ова може некому да звучи доста атрактивно, доста привлечно. Но тоа, сепак, е само една негативна дефиниција на социјализмот, а тоа, секако, не е доволно во определувањето на социјализмот, бидејќи социјализмот не е овде да биде против нешто, туку постои, претпоставувам, да оствари одредени содржини, одредени интенции,  одредени надежи на човекот. Токму во таа смисла, сметам дека смислата на марксизмот и на марксистичкото образование е во тоа да пружат одредени содржини, одредени знаења, а не да се исцрпат борејќи се против нешто. Од своја страна, неспорно е дека секое образование за нешто е, наедно, и образование за надминување на тоа нешто и дека, во таа смисла, претставува и борба против тоа нешто.

Честопати сме сведоци на појавата да се говори дека ако на работничката класа (или на обичниот човек, сеедно) ѝ понудиме добри вредности, добра иднина и слично на тоа, дека таа ќе тргне по нас. Мислам дека овој пристап претставува сосема пресфртено сфаќање за односот помеѓу класата – се разбира, работничката класа – и нејзината партија, бидејќи, ако подобро размислиме, ќе сфатиме дека не е класата овде заради нас, заради партијата, туку дека партијата е заради класата. Според тоа, ако некој по некого треба да појде, тогаш тоа е партијата. Нашиот Сојуз на комунисти е тој кој мора да оди по југословенската работничка класа. Затоа, наместо одредувањето на Сојузот на комунистите како авангарда на работничката класа, јас би ја поставил работничката класа како авангарда. На тој начин, би добиле не авангарда на класата, туку партија на авангардата. Тоа значи дека класата треба да се преобрази во субјект, во она што оди, што се движи, што постојано се менува, а партијата сето тоа  го следи, го артикулира и, конечно, го извршува.

Посебен впечаток ми остави тезата (всушност, констатацијата), која вчера ја слушнавме, а која денес е повторена во дискусијата. Вчера еден другар своето излагање го започна со идејата дека потребата за марксизмот е сè поголема и поголема, макар што интересирањето за него е сè помало и помало. Оваа теза е идентична (барем според својата логика) на следново: потребата за храна е сè поголема и поголема, макар што на луѓето сè помалку и помалку им се јаде. Притоа, мене не ми е значајно да ја откривам внатрешната противречност на оваа теза, макар што и за неа може да се говори. Мене повеќе ме интересира нејзината скриена логика, за која сметам дека е доста опасна, бидејќи, во својата суштина, таа е многу репресивна. Според таа логика произлегува следново: има да јадеш, сеедно што не ти се јаде, бидејќи треба (така некој вели) да јадеш, т.е. има да слушаш марксизам и покрај отсуството на интерес да слушаш марксизам. Резултатот на оваа логика, на овој необичен пристап, може да биде само одбивност кон марксизмот.

Наедно, скриената логика на споменатава теза инсистира на идејата за внесување на свеста на пролетаријатот однадвор, бидејќи пролетаријатот (наводно) не е способен самиот да ја изгради својата свест, да дојде до свеста за себе и за својата историска улога. А тоа е така, затоа што пролетаријатот (сугерира оваа теза) секогаш останува заробеник на своите непосредни економски интереси. Според тоа, крајниот теориски резултат би бил само извесен економизам, но никако изградување на револуционерно-трансцендирачка свест. Мислам дека вчера другарката Соња Локар  со право се спротивстави на оваа теза за внесување на свеста на пролетаријатот однадвор. Оваа теза, меѓутоа, не е теза на некој анонимен автор. Нејзин автор е, за жал,  Владимир Илич Ленин. Меѓутоа, од тој факт таа воопшто не го губи својот репресивен карактер.

Понатаму, оваа теза потсетува на една идилично-христијанска слика на која, од една страна, стојат некои свети апостоли кои, говорејќи на некој свој свет јазик, ги изговараат кристално јасните вистини и, од друга страна, стои масата – или класата, сеедно – која со подзинати муцки ги слуша тие вистини и, се разбира, ги прима во готов облик, онакви како што првите им ги соопштуваат. Мислам дека сме премногу обземени со значењето на воспитувачите и воспитувањето, верувајќи дека клучот за решавањето на многу наши проблеми е токму во сферата на образованието и воспитувањето. Притоа, забораваме дека и самиот воспитувач треба да биде воспитуван и дека, на тој начин, го подвојуваме оштеството на два дела од кои едниот е издигнат над другиот. А тој дел кој е поставен над општеството, тоа сме ние, некакви вопспитувачи кои сега треба само да им ја дадеме, во чиста форма, вистината на луѓето. Тоа е она против кое Маркс се бореше во својата трета теза за Фоербах. Оваа наивна вера дека сè може да се реши преку образованието и преку воспитувањето оди дури дотаму што денес во дискусијата можевме да слушнеме и став дека нашата иднина ќе зависела од тоа какви луѓе ќе сме воспитале. Лично, оваа теза не можам да ја прифатам, особено изречена во вака радикален облик, бидејќи нашата иднина, сепак, пред сè ќе зависи од тоа каква стварност ќе изградиме. На крајот, свеста и воспитувањето не се дадени самите по себе, туку тие се според животот, бидејќи свеста секогаш е битно практична свест. Таа секогаш е свест на едно искуство, на една пракса – таа е свест на самото живеење. Од своја страна, тоа значи дека не може да се има социјалистичка свест, а да не се живее социјалистички. Доколку тоа се случи, доколку се случи социјалистички да мислиме, а животот и понатаму да не нѝ биде социјалистички, доколку, значи, мислата останува само мисла, а животот само живот, доколку  меѓу себе се безнадежно раздвоени, тогаш добиваме општествена шизофренија.

Ljubomir Cuculovski: „Kritika ideologije i ideološkog shvatanja marksizma“. Текстот е објавен во зборникот  Idejno-teorijski rad i borba Saveza komunista u velikim gradovima, Skopje, 1986, str. 183-185. Текстот претставува авторизирана дискусија на општојугословенското советување, кое беше гломазно насловено Идејно-теоретската работа и борбата на СК и улогата и задачите на марксистичките центри во големите градови и индустриски центри, одржано во Скопје 1986 година, во периодот помеѓу 20 и 21 март

Проблемот на насилството и радикалната опозиција
од Херберт Маркузе

петок, 30 октомври 2009

Херберт Маркузе зборува на студентски демонстрации во САД

Радикалната опозиција денес може да се разгледува само во глобални рамки. Нејзиното разгледување како изолиран феномен доведува до фалсификување на нејзината природа уште во старт. Ќе ја разгледам оваа опозиција со вас во глобален контекст, со акцент на САД. Знаете дека сметам дека денешната студентска опозиција е решавачки фактор на трансформацијата: секако не, како што бев обвинет, како директна револуционерна сила, но како еден од најсилните фактори, која можеби може да стане револуционерна сила. Воспоставувањето врски меѓу студентските опозиции во различни земји е затоа еден од најважните стратегиски неопходности овие години. Одвај и да има некаква врска меѓу студентските опозиции на американските и на германските студентски движења; студентската опозиција во САД дури нема ниту ефективна централна организација. Ние мора да работиме на воспоставување на такви односи, и, ако дискутирајќи ја темава јас главно се осврнувам на САД како пример, тоа го правам за да помогнам да се подготви воспоставувањето на такви односи. Студентската опозиција во САД сама по себе е дел од поголема опозиција која обично ја нарекуваме нова левица. повеќе…

Мора да почнам со куса скица на основните разлики меѓу новата и старата левица. Новата левица, со некои исклучоци, е повеќе неомарксистичка отколку ортодоксно марксистичка; таа е под силно влијание на она што се нарекува маоизам, и од револуционерните движења во третиот свет. Како и да е, новата левица вклучува неоанархистички тенденции, и се карактеризира со длабока недоверба во старите левичарски партии и нивната идеологија. И новата левица, повторно со исклучоци, не се ограничува само на работничката класа како на единствен револуционерен агенс. Новата левица себеси не може да се дефинира во класна смисла, затоа што се состои од интелектуалци, од групи што припаѓаат на движењата за граѓански права, како и од младински групи, посебно најрадикалните елементи од младината, вклучувајќи ги и оние кои на прв поглед воопшто не изгледаат како политични, имено хипиците, на кои ќе се осврнам подоцна. Многу е интересно тоа што овие групи како гласноговорници немаат традиционални политичари, туку такви сомнителни фигури како што се поетите, писателите и интелектуалците. Ако се размисли за оваа куса скица, мора да се признае дека оваа состојба е вистински кошмар за „старите марксисти“. Овде имаме опозиција што очигледно нема ништо со „класичната“ револуционерна сила: кошмар, но онаков што кореспондира со реалноста. Верувам дека оваа сосема неортодоксна констелација на опозицијата е вистински одраз на авторитарно-демократските „достигнувања“ на општеството, на „еднодимензионалното општество“ онакво какво што се обидов да го опишам (1), чија клучна карактеристика е интеграцијата на доминираната класа на мошне материјална и многу реална основа, имено врз основа на контролирани и задоволени потреби што за возврат го репродуцираат монополскиот капитализам – контролирана и репресирана свест. Резултатот од овие односи е отсуство на субјективната неопходност од радикална трансформација чија цел неопходно станува дури уште поочигледна. И, во вакви услови, опозицијата се концентрира меѓу аутсајдерите на тој воспоставен ред.

Најпрвин таа треба да се бара во гетоата, меѓу „обесправените“, оние чии животни потреби дури и високоразвиениот напреден капитализам не може и нема да ги задоволи. Второ, опозицијата е концентрирана на спротивниот крај на општеството, меѓу оние од привилегираните чија свест и инстинкти се пробиле и избегале од контрола. Мислам на оној социјален слој што, имајќи позиција и образование, се уште има пристап кон фактите и кон целосната структура на пристапот кон нив, што е навистина тешко да се постигне. Овој слој се уште има знаење и свест за постојаното заострување на контрадикциите и за цената што таканареченото богато општество ја наплаќа од своите жртви. Накусо, има опозиција и на двата екстремно спротивни краја на општеството, и нив би сакал да ги опишам накусо:

Обесправените. Во САД обесправените се состојат главно од национални и расни малцинства, што се секако политички неорганизирани и често антагонистички меѓу себе (на пример во поголемите градови има значителни конфликти помеѓу црнците и Порториканците). Тоа се главно групи кои не заземаат значајно место во процесот на производство и затоа не можат да се сметаат за потенцијални револуционерни сили од гледиште на марксистичката теорија – барем не без сојузници. Но во глобална рамка обесправените кои мораат да ја преземат целата тежина на системот навистина се масовна основа на борбата за националното ослободување против неоколонијализмот во третиот свет и против колонијализмот во САД. Овде, исто така, нема ефективна поврзаност помеѓу националните и расни малцинства во метрополисот на капиталистичкото општество и масите во неоколонијалниот свет кои се веќе станати на борба против ова општество. Овие маси можеби можат сега да се сметаат за нов пролетеријат и како таков тие денес се реална опасност за светскиот систем на капитализмот. До кој степен се уште може или повторно може да се смета на работничката класа во Европа како на дел од овие групи на обесправени е проблем кој би морале да го дискутираме посебно; јас не можам да го направам тоа во рамките на она што го кажав овде денес, но би сакал да посочам на една фундаментална разлика. Она што можеме да го кажеме за американската работничка класа е дека во големо мнозинство работниците се интегрирани во системот и не сакаат радикална трансформација, ние веројатно не можеме или се уште не можеме да го кажеме тоа и за европската работничка класа.

Привилегираните. Би сакал да ја поделам втората група, која денес му опонира на системот на развиениот капитализам,  на два поддодели. Прво, да погледнеме на таканаречената нова работничка класа (2), што би требало да се состои од техничари, инженери, специјалисти, научници и слично, кои се ангажирани во продуктивниот процес, тукуречи на посебна позиција. Благодарение на својата клучна позиција оваа група навистина би требало да го претставува јадрото  на една објективна револуционерна сила, но истовремено таа е и омиленото дете на востановениот систем, што исто така ја вообликува свеста на оваа група. Затоа, изразот „нова работничка класа“ е, ако ништо друго, преуранет.

Второ, практично единствениот субјект за кој ќе зборувам денес, е студентската опозиција  во нејзината најширока смисла, вклучувајќи ги тука и таканаречените отпадници. Колку што можам јас да проценам, последниве претставуваат значајната разлика меѓу американските и германските студентски движења. Во Америка многу од студентите кои се во активна опозиција престануваат да се студенти и целосно се ангажираат да ја организираат таа опозиција. Тоа носи и една опасност, но можеби истовремено и предност. Ќе ја разгледам студентската опозиција преку три категории. Прво, би можеле да прашаме против што е насочена оваа опозиција; второ, кои се нејзините форми; и трето, какви се изгледите на оваа опозиција?

Прво, која е целта на оваа опозиција? Ова прашање мора да биде земено многу сериозно, затоа што се соочуваме со опозиција на демократско, општество кое дејствува ефикасно, кое барем во нормални услови не оперира со терор. Понатаму, и на оваа поента во САД сме начисто, тоа е опозиција против мнозинството на популацијата, вклучувајќи ја тука и работничката класа. Тоа е опозиција против системскиот притисок које присутен насекаде, што според природата на својата репресивна и деструктивна продуктивност деградира се, на се понечовечен начин, до статусот на комодитет чија порачка и продажба обезбедуваат одржливост и задоволување на животните потреби; против системската лицемерна моралност и „вредности“: и против теророт распространет надвор од метрополисот. Опозицијата на системот како таков најпрвин беше воспоставена од движењата за граѓански права и потоа од војната во Виетнам. Како дел од движењето за граѓански права студентите од северот отидоа на југот за да им помогнат на црнците да се регистрираат за гласање. Токму тогаш тие видоа за првпат како овој слободен демократски систем навистина изгледа, какви намери имаат неговите шерифи, како убиствата и линчувањата на црнците поминуваат неказнето, иако криминалците се добро познати. Ова делуваше како трауматско искуство и предизвика политичко активирање на студентите и на интелигенцијата во САД воопшто. Второ, оваа опозиција беше зголемена поради војната во Виетнам. За овие студенти војната за првпат ја откри суштината на постоечкото општество: неговата потреба за експанзија и агресија, и бруталноста на неговата борба против сите ослободителни движења.

За жал, нема време да го разгледам прашањето дали војната во Виетнам е империјалистичка војна. Сепак, би сакал да направам куса опсервација на тоа зашто проблемот се поставува сам по себе. Ако империјализмот е сфатен во старата смисла, дека САД се борат за инвестиции, тогаш тоа не е империјалистичка војна, дури и ако овој директен аспект на империјализмот и денес постанува акутен проблем. На 7 јули 1967 година, во весникот Њусвик, на пример, можеше да се прочита дека Виетнам претставува бизнис вреден 20 милијарди долари и дека оваа бројка секојдневно расте. И покрај тоа, сепак, ние не планираме да шпекулираме за применливоста на новата дефиниција на империјализмот зашто главниот портпарол на американската влада самиот кажа за што станува збор. Целта во Виетнам е да се спречи една од најстратешките и економски најважни области во светот да падне под контрола на комунистите. Тоа е прашање на клучната борба против сите обиди за национално ослободување на сите крашта на светот, клучна во смисла дека успехот на виетнамската борба за ослободување може да даде сигнал за активирање на слични ослободителни движења во други делови на светот многу поблиски до метрополисот каде што се направени огромни инвестиции. Во таа смисла Виетнам на ниеден начин не е само уште еден настан во надворешната политика, туку е поврзан со суштината на системот, и е пресвртница во развојот на системот, можеби почеток на крајот. Она што се покажува тука, е дека човековата волја и човековото тело дури и со најскромните оружја можат да се справат со најефикасниот систем на деструкција на сите времиња. Ова е новост во светската историја.

Сега доаѓам до второто прашање за кое сакав да зборувам, имено формите на таа опозиција. Зборуваме за студентската опозиција, и би сакал да кажам уште на почетокот дека не станува збор за политизација на универзитетот, зашто универзитетот е веќе политички. Треба да размислиме само за мерката во која природните науки, на пример, и дури и такви апстрактни дисциплини како што е математиката, денес наоѓаат директна примена во производството и во воената стратегија. Треба само да се помисли на мерката во која природните науки, па дури и социологијата и психологијата зависат денес од финансиската поддршка на владата и на големите фондации, до мерка кога последниве две полиња се користат за контрола на човекот и за регулација на пазарот. Во таа смисла може да кажеме дека универзитетот е веќе политичка институција, и дека во најдобар случај студентската опозиција е обид за деполитизација, не за политизација на универзитетот. Покрај позитивистичката неутралност, што е псевдонеутралност, неопходно е на критиката да и се овозможи место во студиските програми и во рамките на интелектуалната дискусија. Тоа е причината зошто едно од главните барања на студентската опозиција во САД е реформа на студиските програми ,за да може критичката мисла и знаењето целосно да се внесат во интелектуалната дебата – а не како агитација или пропаганда. Таму каде што тоа не е можно, се формираат таканаречени „слободни универзитети“ или „критички универзитети“ надвор од универзитетот, како на пример во Беркли или на Стендфорд, а сега и на најголемите универзитети на Истокот. На сите овие слободни универзитетски курсеви и семинари се изучуваат оние предмети кои ги нема или кои се неадекватно застапени во вообичаените студиски програми, како на пример марксизмот, психоанализата, империјализмот, надворешната политика во Студената војна, и гетоата.

Друга форма на студентска опозиција е онаа на познатите teach-ins, sit-ins, be-ins, love-ins. Овде би сакал да посочам само на распонот и тензиите во опозицијата: критичкото учење и предавање, грижата за теоријата од една страна, и, од друга, она што може да се смета за „егзистенцијална заедница“, или „да се прават нештата за себеси (doing one’s own thing)“. Би сакал да кажам нешто за значењето на тензијата подоцна, затоа што според мене тоа го изразува обединувањето на политичкиот и сексуално-моралниот бунт, што е важен фактор на опозицијата во Америка. Тоа го наоѓа својот највидлив израз во демонстрациите – невооружени демонстрации – и нема потреба да се лови прилика за такви демонстрации. Да се бара конфронтација заради самата конфронтација не само што е непотребно, туку и неодговорно. Конфронтациите постојат. Луѓето не мора да ги бараат. Да се напушта позицијата за да се најде некоја конфронтација значи да се фалсификува опозицијата, зашто денес таа е во дефанзивна, а не во офанзивна позиција. Причините се таму: на пример, секоја ескалација на војната во Виетнам; посетите на застапниците на завојувачките политики: пикетирање/picketing (како што знаете тоа е посебна форма на американско демонстрирање) на фабрики каде што се произведува напалм и други хемиски средства за војување. Овие демонстрации се организирани и тие се легални. Дали овие легални демонстрации се конфронтации со институционализираното насилство насочено против опозицијата? Мојот одговор се базира на американската ситуација, но ќе видите дека тој може лесно да се примени и на вашата. Овие демонстрации не се конфронтации се додека остануваат во рамките на легалноста. Но, кога го прават тоа, тие се подложуваат на институционално насилство кое автономно си ги определува рамките на легалноста и може да ги намали до задушувачки минимум; на пример, со донесување закони како оние што забрануваат премин преку приватен или владин имот, попречување на сообраќајот, нарушување на мирот и слично. Според тоа, она што било легално, може да стане илегално од минута во минута, ако сосема мирни демонстрации го нарушуваат мирот или ако намерно или ненамерно преминуваат преку приватен имот и тн. Во оваа ситуација конфронтацијата со државната моќ, со институционализираното насилство, изгледа неизбежна – освен ако опозицијата не стане безопасен ритуал, смирувач на совеста, и се спроведива како главен поддржувач на правата и слободите достапни во статус кво ситуацијата. Такво е искуството од движењата за граѓански права: дека другите користат насилство, дека другите се насилството, и дека против ова насилство легалноста е проблематична уште од самиот почеток. Ова исто така ќе биде искуство и на студентската опозиција штом системот се почуватвува загрозен од неа. И тогаш, опозицијата ќе биде ставена пред фатална одлука: опозиција како ритуален настан или опозиција како отпор, односно, како граѓанска непослушност.

Би сакал да кажам неколку збора за правото на отпор, затоа што сум вчудоневиден повторно и повторно кога наоѓам колку малку тоа навлегло во свеста на луѓето и покрај тоа што признавањето на правото на отпор, имено граѓанската непослушност, му припаѓа на најстарите и најсветите елементи на западната цивилизација. Идејата дека има право или закон повисок од позитивните законски прописи е стара колку и самата цивилизација. Овде е конфликтот на правата пред кои стои секоја опозиција што е повеќе од приватна. Затоа што естаблишментот има легален монопол на насилството и на позитивното право, дури и должност, да користи насилство во самоодбрана. Наспрема тоа, признавањето и користењето на повисокото право  и обврската за пружање отпор, на граѓанска непослушност, е мотивирачка сила на историскиот развој на слободата, потенцијално ослободително насилство. Без ова право на отпор, без активирање на повисокото право против постоечкото право, денес се уште ќе бевме на ниво на најпримитивното варварство. Затоа мислам дека концептот на насилството покрива две различни форми: институционализираното насилство на воспоставениот систем и насилството на отпорот, што е неопходно илегално во однос на позитивното право. Бесмислено е да се зборува за легалноста на отпорот: ниеден општествен систем, дури ни најслободниот, не може уставно да го легализира насилството што е насочено против него самиот. Секој од овие форми има функции кои се во конфликт со оние на другиот. Постои насилство на супресијата и насилство на ослободувањето; има насилство за одбрана на животот и насилство на агресијата. И двете форми биле и ќе останат историски сили. Па, веќе на почетокот опозицијата е поставена на полето на насилството. Правото стои против правото, не само како апстрактен поим, туку и како акција. Повторно, статус кво-то има право да определи кои се границите на легалноста. Овој конфликт на две права, на правото на отпор со институционализираното насилство, донесува со себе постојана опасност на судир со насилството на државата, освен ако правото на ослободување не му се жртвува на правото на воспоставениот ред и освен, како и во претходната историја, бројот на жртвите на моќта што е на власт продолжи да ги надминува оние на револуцијата. Тоа значи дека, сепак, проповедањето на ненасилство во принцип, го репродуцира постоечкото инстутиционализирано насилство. И, во монополското индустриско општество, насилството е концентрирано, на преходно невидени размери, во доминацијата што се пробива во општеството како тоталитет. Во однос на овој тоталитет правото на ослободување во својата сегашна појавност е специфично право. Затоа конфликтот на насилството се појавува како судир на општото и специфичното или како јавното и приватното насилство, и во овој судир приватното насилство ќе биде победувано се дотогаш додека не ја задоволи постоечката јавна моќ како нов општ интерес.

Се додека опозицијата ја нема општествената сила на новиот општ интерес, проблемот на насилството е првенствено проблем на тактиката. Дали може конфронтацијата со моќта што е на власт, во која силата на отпорот која предизвикува ќе изгуби, да предизвика промени на констелациите на моќ во корист на опозицијата? Во разгледувањето на ова прашање еден често цитиран аргумент е погрешен, имено дека преку таква конфронтација другата страна, опонентот, станува помоќен. Тоа се случува ионака, без оглед на таквата конфронтација. Тоа се случува секој пат кога опозицијата се активира, и проблемот е да се воведе ова засилување во транзициско ниво. Тогаш, во секој случај, проценката на ситуацијата зависи од појавата на конфронтацијата и посебно од успехот на систематски изведените едукативни програми и организираната солидарност. Да ви дадам за тоа еден пример кој доаѓа од САД. Опозицијата ја доживува војната против Виетнам како напад на слободата, на самиот живот, што го засега целото општество и што го оправдува правото на тотална одбрана. Но мнозинството на популацијата се уште ја поддржува владата и војната, додека опозицијата е одвај распространате и локално организирана. Формата на опозиција, што во овој случај е се уште легална, спонтано се развива во граѓанска непослушност, во одбивање на воена служба и организирање на ова одбивање. Ова е веќе илегално и ја прави ситуацијата повеќе акутна. Од друга страна, демонстрациите се придружени уште посистематски со едукативна работа меѓу популацијата. Ова е „работа во заедницата (community work)“. Студентите одат во сиромашните делови за да ја активираат совеста на жителите, првично да ги елиминираат најочигледните потреби, како што се недостаток на најпримитивната хигиена и слично. Студентите се обидуваат да ги организираат луѓето за овие непосредни потреби, но истовремено за да им развијат политичка свест. Таква едукативна работа, секако, не се случува само во најсиромашните краишта. Се случува и познатата „кампања од врата на врата“, што вклучува дискутирање со домаќинките за тоа што навистина се случува, а кога се тие таму, и со нивните сопрузи. Ова е посебно важно пред изборите. Ги посочувам разговорите со жените зашто е факт, како што и може да се очекува, дека општо земено жените се поподложни за уважување на хумани аргументи отколку мажите. Тоа е така затоа што жените се уште не се сосема вовлечени во производството. Дали тоа ќе има успех? Успехот е мерлив – на пример според бројот на гласови што ќе ги добијат таканаречените „мирољубиви кандидати“ на локалните, државните и националните избори.

Денес може да се забележи дека во опозицијата има свртување кон теоријата, што е посебно важно затоа што новата левица, како што веќе посочив, почна со тотален сомнеж во идеологијата. Верувам дека тоа станува се повидливо и повидливо, дека секој напор да се смени системот бара теоретско лидерство. Во САД и студентската опозиција денес наоѓаме обиди не само да се премости јазот меѓу старата и новата левица, туку исто така да се работи на критичка теорија за современиот капитализам на неомарскистичка основа.

Како последен аспект на опозицијата би сакал сега да ја споменам новата димензија на протестот, која се состои во единството на морално-сексуалната и политичката побуна. Би сакал да ви дадам една илустрација што ја доживеав како очевидец, што ќе ви ја покаже разликата меѓу она што се случува во САД и овде. Тоа беше на еден од големите антивоени демонстрации во Беркли. Полицијата, точно е тоа, ги дозволи протестите, но забрани пристап кон целта на демонстрациите, воената железничка станица во Оукланд. Тоа значеше дека зад определена и јасно определена точка, демонстрациите ќе мораа да станат илегални со тоа што ќе ја прекршеа полициската наредба. Кога илјадници студенти се приближија до точката од која почнуваше забранетиот пат, тие наидоа на барикада што се состоеше до 10 реда тешко вооружени полицајци облечени во црни униформи и челични шлемови. Маршот се приближи на оваа полициска барикада, и како и вообичаено имаше неколку луѓе на чело на маршот кои повикуваа демонстрациите да не запрат, туку да се обидат да го пробијат кордонот, што природно ќе водеше кон крвав пораз без да се постигне целта. Машот направи контракордон, така што демонстрантите најпрвин ќе мораа да се пробијат низ својот сопствен кордон за да преминат до оној на полицијата. Природно, тоа не се случи. По две или три застрашувачки минути илјадниците марширачи седнаа на улицата, се појавија гитари и усни хармоники, луѓето почнаа да се смејат и да си прават муабет, и демонстрациите завршија. Можеби ова ќе ви се види смешно и патетично, но верувам дека единството спонтано и анархично се појави што, на крајот на краиштата, тоа не може, а да не остави впечаток дури и на непријателот.

Да ги рагледаме прогнозите за опозицијата. Јас никогаш не реков дека студентската опозиција денес е сама по себе револуционерна сила, ниту кога и да е сум ја видел во хипиците – „наследници на пролетеријатот“! Само национално-ослободителните фронтови на земјите во развој денес се во револуционерна борба. Но, дури ни тие, сами по себе, не воспоставуваат ефективна револуционерна закана на системот на развиениот капитализам. Сите сили на опозицијата денес работат на подготовка и само на подготовка – но, кон неопходна подготовка за можната криза на системот. Токму национално-ослободителните фронтови и побуните во гетоата може да придонесат за таква криза, не само како воени, туку и како политички и морални опоненти – живеењето, човечкото негирање на системот. При подготовката и можноста таква криза да се случи, можеби и работничката класа, исто така, може да биде политички радикализирана. Но ние мора да признеме дека не знаеме дали во таква ситуација радикализацијата ќе биде налево или надесно. Акутната опасност од фашизмот или неофашизмот се уште воопшто не е надмината.

Јас зборував за потенцијална криза, за можноста за криза на системот. Силите што придонесуваат кон таква криза би требало да се разгледаат до најситен детал. Верувам дека мора да ја видиме оваа криза како составување на мошне различни субјективни и објективни тенденции од економска, политичка и морална природа, на Истокот како и на Западот. Овие сили не се се уште организирани врз основа на солидарноста. Тие немаат база во масите на развиените земји на напредниот капитализам. Дури и гетоата во САД се во почетна фаза на обидите за политизација. Во такви услови ми изгледа дека задача на опозицијата најпрвин е ослободување на свеста надвор од нашата сопствена општествана група. Затоа што, всушност, во прашање е животот на секого од нас, и денес секој е дел од она што Веблен (Veblen) го нарече „невидливата популација (underlying population), имено доминираните. Тие мора да станат свесни за ужасната политика на системот чија моќ и притисок растат со закана од тотално истребување. Тие мора да научат дека достапните производни сили се користат за репродукција на експлоатацијата и угнетувањето, и дека таканаречениот слободен свет се опремува себеси со воени и полициски сили за да го заштити сопствениот вишок. Оваа политика на ниеден начин не може да биде оправдана со тоталитаризмот од спротивниот табор, што повторно може и мора да се каже. Но, овој тоталитаризам не е експанзивен или агресивен, и се уште е посветен на немаштијата и сиромаштијата. Ова не го менува фактот кој мора да се собори – но одлево.

Сега ослободувањето на свеста за која зборував значи повеќе од дискусија. Тоа значи, и во сегашната ситуација мора да значи, демонстрации, во буквална смисла. Целата личност мора да го демонстрира своето учество и својата желба за живот, дека е негова желба да живее во  мирен, човечен свет. Воспоставениот ред е мобилизиран против оваа реална можност. И, ако може да не повреди тоа што имаме илузии, исто толку може да не повреди, можеби и повеќе, да се проповеда дефетизам и покорност, што може да им оди во прилог само на оние кои го водат системот. Факт е дека, ние се наоѓаме себеси спроти систем кој од почетокот на фашистичкиот период до денес преку своите акти ја негира идејата на историскиот прогрес, систем чии внатрешни контрадикции постојано се манифестираат преку нечовечни и непотребни војни, и чија растечка продуктивност ги зголемува деструктивноста и отпадот. Таквиот систем не е имун. Тој веќе се брани против опозицијата, дури и онаа на интелектуалците, во сите делови на светот. И, дури и да не видиме трансформација, ние мора да продолжиме да се бориме. Мора да издржиме ако сакаме да живееме како човечки суштества, да работиме и да бидеме среќни. Во сојуз со системот, ние повеќе не можеме да го правиме тоа.

забелешки:

1. Herbert Marcuse, One-Dimensional Man (Boston: Beacon, 1964).

2. За оваа поента, погледни Serge Mallet, La Nouvelle Classe Ouvrière (Paris: Editions du Seuil, 1963).

преведено од: The Problem of Violence and the Radical Opposition

текстот е всушност предавањето кое е одржано во јули 1967 на Слободниот универзитет во Западен Берлин

превод: Ивица Антески