Archive for September, 2009
Солидарноста на студентите им донесе една победа
понеделник, 28 септември 2009
Студентите од Техничко-технолошкиот факултет во Велес се изборија за правото да студираат без партиципација. По протестите во петокот, и денешниот солидарен протест заедно со активистите на иницијативата Слободен индекс, министерството одлучило да го испочитува првичниот договор со овие студенти и да им дозволи студиите да ги продолжат без да плаќаат партиципација. Одлуката [...]
Рамнодушни времиња
Осуден на смрт, додека чекав да ме обесат, бев загрижен само за едно нешто: за паролата што ќе ја викнам кога ќе ми ја местат јамката, се сеќава Чашуле, кој почина во вторникот. Во своето тестаментално писмо до јавноста тој вели дека денес Македонија станала рамнодушна кон се.
од Коле Чашуле
сабота, 26 септември 2009
(…)
Отпослежно, ама и [...]
Протест против лицемерната правда
петок, 25 септември 2009
Дваесетина активисти утрово одржаа мирен протест пред српската амбасада во Скопје, со што ја покажаа својата солидарна поддршка со српските анархисти за кои срската држава подготвува судење за меѓународен тероризам. На официјален претставник од амбасадата му беше предадено официјалното соопштение во кое се осудува чекорот тие да се судат за меѓународен тероризам [...]
Солидарен протест против државниот терор
четврток, 24 септември 2009
Редакцијата на Нова искра ја искажува својата солидарност со уапсените другари од страна на српската полиција и најостро го осудува државниот тероризам.
Протестно собирање ќе се одржи утре (петок 25 септември 2009) во 10.00 часот, пред српската амбасада во Скопје (која се наоѓа над училиштето Кочо Рацин на Водњанска).
Анархистичките активисти од Белград се [...]
Студентите сами ќе се изборат за своите цели
вторник, 22 септември 2009
Ивица Антески
Интервју со Андреј Анчевски - член на студентската иницијатива „Слободен индекс“ која во мај 2009 година организираше студентски протест против маргинализацијата на студентите и перманентната негрижа за нивните проблеми. Значењето на овој настан беше дотолку поголемо, што на самите студенти им покажа дека доколку настапат органзирано и солидарно, може успешно, најпрво да [...]
Активизмот во Македонија (излагање)
од Ивица Антески
сабота, 15 септември 2009
1.ОПШТА СОСТОЈБА
За да се сфати состојбата со активизмот во Македонија, мора најпрвин да се сфати општата состојба во која се наоѓа земјата. Затоа како вовед во ова мое излагање ќе се обидам да направам еден кус приказ на различните аспекти кои влијаат на квалитетот на живот во мојата земја и [...]
Сараевска резолуција против капитализмот
понеделник, 14 Септември 2009
Марксистичките и други антикапиталистички и активистички организации од просторите на поранешна СФРЈ усвоија резолуција за заедничко делување. Во резолуцијата се повикува на солидарност и координирано дејствување во насока на подобрување на состојбата и подобро организирање на работничката класа во новонастанатите услови. Во резолуцијата се вели и дека е нужно да се работи [...]